Петар Печков
Објавено: среда, 21 април 2021
Во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на Ковид 19 и идни катастрофи“ Општинскиот Црвен крст Велес отвори телефонски линии за психолошка прва помош и психосоцијална помош и поддршка.
Секе лице кое има било какви проблеми во Ковид 19 од општините Велес, Градско и Чашка, но и од Свети Николе, Лозово, Неготино, Кавадарци и Росоман може да се јави на телефонските броеви
043/231-537
075/294-036
071/274-223
На тој начин ќе има можност да расговара со обичен психолот кој ќе му помогне за надминување на состојбата во која се наоѓа.
Јавувањата најдобро е да бидат во период од 10:00 до 14:00 часот.
Tweet |