Петар Печков
Објавено: четврток, 17 септември 2020
Под мотото: „Време е за свет без туберкулоза“ Општинскиот Црвен крст на Велес во периодот од 14-21 септември 2020 год. ја одбележува Неделата на борба против туберкулоза. Според податоците од АТ одделение од велешка Болница во велешко годинава нема случаи на заболени со туберкулоза, а регистрирани бил три лица од светиниколско и неготинско
Со оваа кампања и Недела на борба против туберкулозата, ја подигнуваме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен Крст Велес. .
И покрај значителниот напредок во текот на последните децении, туберколозата продолжува да биде врвен заразен убиец низ целиот свет, одземајќи повеќе од 4.500 животи дневно а околу 30 000 луѓе дневно се разболуваат од оваа болест. Кога некое лице развива активна болест на туберкулоза, симптомите треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина, можат да бидат лесни- непрепознатливи и во тек на неколку месеци. Луѓето со активна ТБ можат да заразат 5-15 луѓе преку близок контакт во текот на една година.
Tweet |