Петар Печков
Објавено: петок, 02 ноември 2012
Општинскиот инспектор за образование Божидар Јовиќ неодамна престојуваше на Љубљана Словенија каде имаше свое предавање на тема ,,Предизвиците на образованието во 21 век,,. Неговото предавање го слушаа повеќе негови колеги од Словенија, Хрватска, Србија, Австрија. Ова за Јовиќ е признание за неговиот труд во научната работа која ја создава надвор од работните обврски. . Тој е автор е на значајни проекти од воспитно oбразовната дејност. Негови најзначаји книги се: „Современо училиште избор или потреба“, објавеа од страна на Просветен работnик во 2005 година и „Наставникот е носител на промeните“, објавена од страна на Просветно дело 2011 година. Деновиве ја зaврши и нeговата трета кнгиа која ќе излезе наскоро од печат.
Професор Божидар Јовиќ има завршено Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, во 1972 година. Во 1985 година, се здобил со специјализација од областа на методиката и дидактиката во образованието на Универзитетот „Михаил Васиљевич Ломоносов“ во Москва. Има работено како наставник и директор во основно образование и професор во средно образование. Од 2006 година работи во Одделението за образование во Општина Велес, како советник – просветен инспектор
Учествува и има дадено забележителен придонес на стручно-научни средби од нацонален и меѓународен карактер. Во неговиот творечки опус, како и во бројната и разновидна публицистичка дејност, најзастапени се теми, анализи и студии од областа на педагогијата и психологијата, организацијата и менаџментот.
Tweet |