Петар Печков
Објавено: четврток, 18 март 2021
Младите се заразуваат асимтоматски и потоа вирусот им го пренесуваат на повозрасните членови од семејството, поради што има сериозно зголемување на ковид случаите во велешко. Ова е став на здравствени работници од Велес а беше кажан на денешната седница на Општинскиот кризен штаб. Затоа се побара, намалување на работното време на угостителите.
„Здравствената состојба со корона вирусот во велешко е сериозна и далеку полоша отколку во месец февруари. Бројот на ново заразени е зголемен, променлив и постојано во пораст. Се заразуваат млади кои се асимтоматски и потоа го пренесува на повозрасните членови на семејството. Младите се собираат во угостителските објекти и од таму доаѓа најголемиот ризик, затоа побаравме како Кризен штаб да се намали работното време на угостителите“ - кажа на денешната прес конференција градоначалникот на Велес Аце Коцевски, како командант на кризниот штаб.
Градоначалникот Коцески посочи пример зошто некои лица не се пријавуваат за изолација, .
„Има реакции дека некои од работодавачите, не им исплаќаат полна плата на вработените кои се на боледување од ковид заразата или се во изолација, тие лица ги кријат контактите, одат на работа и така ги доведуваат во прашање здравјето на колегите, со цел да остварат цела плата“ - дополни Коцевски.
Tweet |