Петар Печков
Објавено: петок, 11 мај 2018
Вчера на Градски се одигра финалниот натпревар во општинскиот фудбалски Куп помеѓу ФК Башкими од Горно Јаболчиште и ФК Тополка од Превалец. Победник е ФК Башкими со 3:1 (1:0) со што го освои пехарот. Со ова тие ги продолжуваат натпреварите во следната фаза, каде се приклучуваат екипите од регионот.
Фудбалерите на ФК Борец оптимистички го пречекуваат дербито на Втората лига Исток, против првакот Беласица, кое се игра сабота на Градски во 16.30ч. Само со победа велешани остануваат во игра за второто место и баражот кој води во Прва лига. По неделниот пораз во Штип од Брегалница, по што штипјани сега се втори, Борец моpа да победи на двете преостанати средби а во последното коло во Струмица, на штипјани им е потребна победа, со нерешено Борец е втор. Велешките фудбалери најавуваат максимално залагање и победа за да ги одржат надежите за второто место
Сабота вечер пак во Гостивар футлас екипата на велешкиот второлигаш, Гемиџии 1903 го игра финалето во футсал Купот. Играат против прволигашот Јувентус Серва. Претседателот на КМФ Гемиџии 1903, Томе Шескокалов се надева дека неговиот клуб може да го потврди резултатот од сезоната 2008/2009 кога Гемиџии славеа во Купот на Македонија.
Иако годинава сме во втората лигашка конкуренција, сепак многу добро се познаваме со противникот, во минатото имаме неколку меѓусебни натпревари, но ова е различен натпревар. Финалето од Купот на Македонија е предизвик за сите, а нас ни е исклучително важно што ќе се бориме за трофејот. Го респектираме противникот, но јас се надевам дека ќе успееме да ја повториме сезоната 2008 кога нашиот тим славеше во ова натпреварување. Очекувам голема борба во фер и спортска атмосфера, изјави Томе Шескокалов, претседател на КМФ Гемиџии 1903.
фото: Шерхат Шабани
Tweet |