Петар Печков
Објавено: четврток, 16 мај 2019
Вчера попладне на помошното фудбалско игралиште во Градски парк се одигра финалниот натпревар од Општинскиот фудбалски Куп. Се сретнаа ФК Башкими од Горно Јаболчиште и ФК Илинден од Башино село. Во регуларен дел средбата заврши без голови а на пенали славеше Илинден со 5:4 со што го освои Купот и ги продолжува натпреварите натаму, со велешките екипи од Трета лига Центар. ФК Илинден постои од 1955-та година и ова му е четврти освен Куп во исто толку финалиња, во 2004-та,2008-ма, 2017-та и 2019-та. Интересно е што во финалето во 2008-та се сретнаа истите противници ФК Илинден и ФК Башкими , и тогаш славеа башиноселци.
Вчера се одигра и четврт финалната средба од футсал Купот, каде со амбиции да го освои настапува КМФ Велес. Во Штип против Мал Ајакс велешани славеа со 4:7 и се пласираа во полуфиналето, заедно со екипите на КМФ Железарец, КМФ Шкупи 1927 и КМФ Шкупи.
Tweet |