Петар Печков
Објавено: вторник, 31 март 2020
Општинскиот црвен крст на Велес со иницијатива за именување на една здравствена установа на територијата на Општина Велес со името д-р Милчо Трајков. Таа е доставена до претседавачот на Советот, Ненад Коциќ.
Нивен предлог е името на д-р Милчо Трајков да го носи ЈЗУ Здравствен дом од Велес. Во образложението за оваа иницијатива, велешкиот Црвен крст меѓу другото потсети дека д-р Трајков беше претседател и на Општинскиот Црвен крст на Велес но и на Републичкиот Црвен крст на Македонија:
Како волонтер д-р Трајков безрезервно беше вклучен во одбележување на Неделата за борба против срцево- садовите заболувања, Денот за борба против срцеви заболувања, а на негова иницијатива се организираа бесплатни прегледи за мерење на притисок и работата на срцето на повеќе фреквентни места во градот. Неговата активност и безрезервен ангажман во Црвениот крст придонесе кон оваа организација да се придружат многу млади лекари, како членови и волонтери, кои дополнително даваат голем придонес за развојот на истата. Тој беше и голем поддржувач на традиционални локални и државни манифестации како Меѓународниот пливачки маратон на езеро Младост, Вардарската регата и сл. - пишува во образложението.
Нема информации кога овој предлог иницијатива ќе се најде на седница на општинскиот Совет. Д-р Трајков почина на 66 годишна возраст во средината на април, минатата година.
Tweet |