речник контакт

Орав и Пломп пред велешани, на трибина за демократски избори

Анкета на ЕУ: Две третини од граѓаните во земјава не одговараат на прашања поврзани со политика

Петар Печков

Канцеларијата на ЕУ, Холандскиот амбасадор во Скопје  и Народниот правобранител започна серија на средби со граѓаните  од внатрешноста на Македонија, со цел да им помогне во остварување на  избирачкото право.    

Претстојните избори, нивната демократичност, слободата  и независноста на медиумите,  беа темата на која  се дискутираше со гостите, на првата средба организирана во Велес. Евро амбасадорот Аиро Орав на трибина ги објави резултатите  од  нивната интерна анкета, според која две третини од испитаниците во земјава  не сакаат за  зборуваат за политика. 

Ова е анкета на јавното мислење  е  изработена од делегацијата на  ЕУ  во Скопје. Утрово ги добивме последните податоци и навистина  има многу важен податок, дека 61 процент од  анектираните  не сакаат да одговараат на прашања поврзани со политика или кажуваат дека нема да учествуваат на изборите. Истовремено на прашања поврзани до други теми, не со политика, испитаниците ги  одговорија. Треба сите да анализираме од каде доаѓа  овој 61 процент на лица кои не сакаат за зборуваат за политика - рече Орав.

На средбата со  амбасадорите на Европската Унија и Холандија во Македонија, Аиво Орав и Ваутер Пломп,    во општинската сала имаше најмногу  млади.  Тие прашуваа за решавање на изборните нерегуалрности, за  излез од кризата и за медиумска слобода, што за Орав е охрабрувачки  и добро, бидејќи младите покажале интерес за суштествени прашања.  Орав рече дека во последно време забележале поместување во информирањето при што   напомна  дека ,,Сител, Канал 5 и Алфа ,,почнале да  емитуваат ставови и на ,,другата страна,,.   Одговори и на прашањето за  миграните и помошта што Македониан ја  добива од ЕУ.   

Состојбата со мигрантите претставува голема загриженост, за  вас, за нас. Тоа што се случи пред некој ден на  границата е важно, оти сите научија една лекција, дека такви инциденти нема да се  случат повеќе. ЕУ е најголем  донатор во Вашата земја, годишно даваме околу 100 милиони евра  финансика помош.    ЕУ одговори колку средства се доделуваат за подготовка   на институциите во земјата, да  се справуваат со вакви ситуации.  Важно е  даночните обврзници од ЕУ да слушнат од време навреме од ваша страна   ,,Ви благодарам ЕУ за  оваа помош,,  - изјави Орав.  

На прашањето од студент, како ЕУ ќе помогне да се елиминираат изборните неергуларонсти,, Орав тоа го препрати до македонските институции. 

За се што е нерегуларно треба да реагирате до народниот првобранител, кој е  малку запоставен. Треба ДИК  и  Обвинителството да работата по Закон  а не  како што слушаме во телефонските разговори - појасни Орав.

На средбата присуствуваше и заменикот  првобранителот Васка Бајрамовска Мустафа која ги повика сите кои се  чувствуваат дека им е загрозено избирачкото право, изборни нерегуларности,  да се охрабрат и пријават кај нив на бесплатниот телефонски број 080054321.  Градоначалникот на Општина  Велес, Славчо Чадиев  најави дека тие како локална власт се подготвени да дадат се што е  неопходно  и  потребно за  одржување  на изборите од 5-ти јуни. 

Сите  свои ресурси сме  подготвени  да ги ставиме   на ДИК со една  цел да се организираат фер, демократски избори, како  што било секогаш во Велес.  Работиме животот на нашите сограѓани  да  го направиме  како под  Европското   небо, достоен за сите.  Гостите се дојдени  во најтранспарентатна општина за мината година во земјава - рече Чадиев.   

Одговарајќи на новинарско  прашање за протестите и контрапротестите пред Уставен суд евроамбасадорот Орав изјави: 

Сме дале многу   критики кога зборуваме за незвисноста на судовите. Зборуваме и за политичкото влијание врз судовите. Ако со промените  повеќе права  им се дадат на претседателот и на идните кои ќе дојдат потоа,  останува на самиот тој дали  ќе го искористи, со цел да ја зајакне демократијата или ослабе. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »