речник контакт

Оризарец доби 10 години затвор за разбојништво над таксисти

Нурадин Бајровиќ (23 год) од село Горно Оризари доби десет години затвор за две дела разбојништво кои ги стори на почетокот од минатата годинана.

Петар Печков

Нурадин Бајровиќ ( 23 год)  од село Горно Оризари доби десет години затвор за две дела разбојништво кои ги стори на почетокот од минатата годинана. Тој во Основниот суд во Велес беше прогласен за виновен бидејќи напаѓал таксисти,  а казната му беше изречена во отсуство оти обвинетиот не е достапен на државните органи за прогон. 

Според обвинението Бајровиќ делата ги сторил на 18 и 23 јануари  лани ( 2010), кога нападнал двајца велешани  со нож и по закана по живот и им одзел 400 денари и три  компакт дискови. 

Првото разбојништво го сторил  во близна на гробиштата кај Горно  Оризари,  откако претходно околу 17,30 часот од пред фонтаната во Велес се качил во такси возило  и од возачот  М.Г. побарал да биде однесен во Горно Оризари, па во близина на гробиштата во селото му  извадил нож, му го ставил под грлото на оштетениот и му наредил да го запре возилото. По ова ги земал парите во износ од 300,00 денари а одзел и три компакт дискови, по што избегал.

Второто разбојништво го сторил на  23.01.2010 година околу 17,45 часот  кога пред Стоковната куќа  се качил во такси возило со кое се упатил кон Горно Оризари, па кога стигнале во близина на гробиштата на возачот А.Т. му рекол да го запре возилото и заканувајќи му се дека ќе го задави, со двете раце го фатил за вратот и му наредил да му ги даде сите пари што ги има кај себе при што му одзел сто денари и повторно избегал. 

Тој бил препознаен и идентификуван од двајцата такси возачи, по фотографија . За овие две сторени дела му е изречена казна затвор во траење од 10  години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »