речник контакт

Оризарец со автомобил излетал од пат, жител на Бузалково ги нападнал родителите

Извадок од полицискиот билтен викендов

Петар Печков

Два настани кои се случиле во велешко, изминатиот викенд  а ги евидентирала велешката полиција. 

Саботата  26-ти октомври  околу 15.40 часот на крстосница од регионалниот пат за  Извор со локалниот пат за Горно Оризари, на место викано „Свилара“, велешко, Е.М.(33) од Горно Оризари, управувајќи патничко возило „пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата Е.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување на лекарска помош- информираа од МВР.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес информираа дека повредениот е префрлен на Карил во Скопје, поради големиот број на скршеници.

Петокот вечер  25-ти октомври околу 21.20 часот во СВР Велес било пријавено дека И.Н.(26) од Бузалково, велешко, кој подолго време се лечел на Нервното одделение во болницата во Велес, во дворот на семејната куќа во Бузалково, физички ја нападнал неговата мајка А.Н.(63), по што со тврд предмет го удрил неговиот татко Р.Н.(68) - соопштија од МВР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »