речник контакт

Оризарите од велешко ги чекаат парите од предадениот ориз

Кога предавале не потпишале договор со купувачот, така што сега останува на неговиот збор дека ќе им исплати парите

Петар Печков

Оризо производителите од велешко се уште не ги добиле парите од предадениот ориз. Иако минаа три месеци најголемиот дел од нив не добиле ниту денар од ланскиот род. Парите ги чекаат, бидејќи за повеќето од земјоделците ова им е единствената егзистенција.

Ги предадовме на приватник од кочанско, тој откупи најголем дел од родот во велешко. Но до денес никој не добил пари. Или ако е исплатено, тоа е мал дел од парите. А мораме да плаќаме комбајни кои жнееја  - вели жител на селото Лисиче, кој чека пари за 13 тони ориз.

 Во селото 40-тина фамилии ги ечкаат парите а нив ги нема.  Оризот минатата есен богато роди во велешко, освен во ова село, тој се  одгледува и во Еловец, Чашка,  Мелница. На околу 100 хектари имаше род од близу 600 тони оризова арпа.   Некаде имаше и по 8 до 9 илјади кг  од хектар што е рекорден принос. Производители се жалат на  откупната цена, кој според нив била ниска. 

Го продававме по 20 денари за килограм за арпа.  За споредба ланската откупна цена беше 25 денари. Така што и со оваа цена, не ги добивме парите. А веќе доаѓа време за пролетна сеидба. Треба да се купуваат материјали - објаснува производител  од  село Мелница.

Но оризарите од велешко, при предавањето направиле една крупна грешка, малкумина од нив  потпишале договор со откупувачот, така што договор со него бил устен. Тој им најавил дек парите ќе ги добијат за еден месец а минале три. Сега останува само да го држат за збор, оти на суд не можат, немаат документ, освен ливчето за предаденото количество.   Велешкиот регион, по кочанскиот е втор го производство на оваа житна култура во Македонија.  

Жолтото злато, во велешко се врати по  полињата, откако се изгради ХХ Лисиче и решен е проблемот со континуирано водоснабдување на оризовите површини.  Ако жителите од овие села ги чекаат парите од оризот, добата вест е што втората култура која тука се одгледува и од која живеат- тутунот, добро родил, имал одличен квалитет и имал добра цена.   Цената по која тутунот се откупувал се движела од 160 до 200 денари за килограм  и седум дена по предавањето парите биле легнати на

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »