Петар Печков
Објавено: петок, 30 јуни 2017
Два и пол часа од 8 до 10,30 стотина жители од Горно Оризари го блокираа регионалниот пат Велес – Чашка. Тие беа близу некогашна Свилара , поставувајќи нивни возила со што го попречија одвивањето на сообраќајот. Причината што се решија на ваков чекор е немањето вода. Тврдат дека таква е ситуацијата повеќе од 10-тина дена и дека проблемот е итен и алармантен .
Со овој проблем се судруваме 30 години. Иако имам 22 постоел и пред јас да се родам. Откако е поставена водоводна мрежа пред три децении, во високите зони а сега и во средината од населбата нема вода. И тоа исклучиво во лето, на +40 ние немаме да задоволиме основна потреба вода. Ниту за капење, ниту за хигиена, ниту за перење алишта - вели Алмедин, жител на Горно Оризари.
Најтешко им паднало што токму во периодот на Рамазанскиот пост и Бајрамските празници останеле без вода, бидејќи во селото живеат муслимани.
Според нивните проценки од 800 домаќинство во населбата со проблемот за немање ова се судруваат повеќе од 500 семејства, вода имало само во долните, ниски делови на населбата.
Во 21 век да немаш вода е страшно. Како живееме на +40 ние знаеме. Никој ништо не презема ниту директор ниту градоначалник, тоа најмногу не боли – рече 70 годишниот Мујо.
Во текот на два и пол часовната блокада, имаше нервозни реакции од патници, кои чекаа во автомобилите. Некои болни кои патуваа за Болница Јасеново, други деца кои заминуваа за Нежилово, возила со храна која требаше да се дистрибуира до селата кои се попатно.
Дервенци велат дека водата дошла, а кој е будала на овие температури да стои и да протестира. Ќе доаѓаме овде секој ден додека не се реши проблемот. Верувате ли дека за сите денови нема дојдено цистерна со вода за пиење, сред село да ни помогне. Тоа е срамота - вели жител на Горно Оризари, поранешен вработен во ЈКП Дервен сега пензионер.
Од ЈКП Дерен со писмена реакција за револтот на оризарци и блокадата на патот.
Причината што во с. Оризари се јавува недостиг од вода во домаќинствата секоја година во текот на летниот период е што водата која треба да се користи за домаќинствата, ненаменски и во енормни количини се троши за наводнување на земјоделски површини, при што се јавува недостиг од вода, особено за жителите на повисокиот дел од селото. За пример наведуваме дека во текот на есента, зимата и пролетта, пумпата во резервоарот за водоснабдување на селото работи само 8 часа дневно а вода имаат сите, додека во текот на летото, пумпата работи непрекинато, а се јавува недостиг од вода. Жителите на село Оризари добро ја знаат причината поради која се јавува недостигот од вода за пиење, но и покрај тоа бараат вина кај Јавното комунално претпријатие. Потсетуваме дека водата од градската водоводна мрежа не е наменета за наводнување на земјоделски култури, туку исклучиво за потребите на домаќинствата, и доколку наменски се користи, вода за пиење и за потребите на домаќинствата ќе имаат сите во селото, и повеќе од доволно. Во текот на минатата недела, во два наврата, непознати лица нелегално ги затвориле излезните вентили од резервоарот за вода, при што намерно предизвикале прекин на водоснабдувањето во целото село, за што е известена и полицијата –стои во реакцијата од ЈКП Дервен.
Најавуваат дек од попладнево ќе започне да доаѓа цистерна со вода за пиење, која ќе биде среде населбата, за да им помогне на жителите.
Tweet |