Петар Печков
Објавено: петок, 26 јануари 2024
Министерот за здравство Фатмир Меџити во текот на вчерашниот ден, 25 јануари, го именувал за в.д. директор ан ЈЗУ Општа болница Велес д-р Зоран Арсовски, специјалист по ортопедија.
Тој е вработен во ЈЗУ Општа болница Велес во 2015 година,на одделот за ортопедија и трауматологија. Во оваа здравствена установа доаѓа по завршување на приватна специјализација,која ја финансира тој лично и на оддел доаѓа како завршен специјалист ортопед, пишува во неговото СВ.
Во периодот од 2011 до 2015 година,работел како професор во средно медицинско училиште во Велес
„Како исклучително стручен во својата област,со именувањето на д-р .Зоран Арсовски ,ЈЗУ Општа болница Велес доби Директор,а градот не изгуби специјалист ортопед,бидејќи тој и во иднина ќе продолжи совесно да ја обавува својата професија како ортопед“ - соопштија од Болницата.
Во СВ на в.д. директорот Арсовски е запишано дека започнува интензивно да работи во областа на ендопротетика на колкови и колена. Со тоа завршува потребата пациентите со фрактура на колк да бараат помош во Скопје или Охрид,како што тоа беше случај пред неговото вработување во Болницата
Воедно ,започнува со оперативни интервенции на фрактури на проксимален фемур и операции на фрактури по најсовремени методи.
По постојано доусовршување и надградување на професионалните вештини,тој започнува со воведување на други процедури,како артроскопија на колена и скочен зглоб.
Tweet |