речник контакт

Осветен камен темелник на црква в о селото Милино

Црквата се гради со средства на Повардарската епархија, како и со доброволни прилози на верниците

Петар Печков

На денот кога Светата православна црква го чествуваше споменот на светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужителите од Велес изврши осветување на камен темелник за нова црква, посветена на Воскресението Христово во велешкото село Милино.

 

На светиот чин на поставување и осветување на камен темелникот на новиот храм присуствуваа голем број жители на ова село, кои го поздравија отпочнувањето на градбата на новиот храм. Црквата  се гради со средства на Повардарската епархија, како и со доброволни прилози на верниците.

 текст и фото: Повардарска Епархија

 

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »