Петар Печков
Објавено: вторник, 25 октомври 2022
Викендов беше осветена црквата Св. Јован Крстител. Таа се наоѓа во новиот дел на градот, близу новиот комплекс згради, кај надвозникот на битолска пруга.
Светиот чин на осветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски Владиката Агатангел во сослужение на Митрополитот Брегалнички Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски Григориј.
Црквата Се градеше седум години, осветувањето на темелите беше на 30 август 2015, трите црковните камбани беа поставени на 17 септември 2019.
Архитект и проектант на камбанарија е Благој Здравев. Фрескоживопишувањето го извршија зографите Велко Свеќаров и Гоце Василески. Иконостас го изработи Љубомир Бисинов.
Во рамките на црковниот комплекс изградени се црковно- административни простории со параклис посветен на „Св. Агатангел Битолски“.
Патрон на оваа најнова велешка црква ќе биде 20 јануари денот на Св. Јован Крстител.
Tweet |