речник контакт

Осветена е црквата Св. Кирил и Методиј (фото)

Започна да се гради на 1-ви јуни 2006-тата и по 11 години таа е ставена во функција. По век и половина Велес доби монументален храм

Петар Печков

Со света архијерејска литургија  претпладнево, се освети црквата Св. Кирил и Методиј во Велес.     На бројните гости на во  храмот Св. Кирил и Методиј се обрати Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

Со чинот на  осветувањето ги  отворивме вратите на  овој  нов  храм, за да се зголемуваат љубовта , слогата и добрата волја  за нас. Без единство со луѓето  не е можно единство со Бога.  Нашата христијанска вера бара од нас да живееме  почесно и почестито, да постапуваме по Заповедите Божји, да им го правиме тоа што сакаме другите да ни го прават нас.    Да бидеме Христијани по  делата не само по името, да немаме непријателство кон никого,    да  нема омраза и  нетрпеливост, оти тие се слепи за вистината, правдата и правичноста, за вредностите на животот.  Крајно време е да се помириме како народ, оти не  е можно да го љубиме Бога кого  не  го гледаме а  да го мразиме братот кого  го гледаме.  Зарем се уште не разбравме дека  ништо  не може да се постигне со  меѓусебни кавги.    Зарем не е  време да се прашаме колку го чуваме македонското единство  и во црквата и во државата, колку ја браниме автокефалноста на црквата и  унитарноста  на државата. Време е да се запрашаме зошто се бореа нашите татковци и дедовци  и нивните татковци и дедовци. Ако тие успеаја, на само дел до македонската земја да ја обноват и црквата и државата, тогаш наша должност е да го сочуваме тие придобивки. Ничии интереси не смеат да бидат пред општите интереси. Да сееме правда за да жнееме милост, да правиме добрини чекорејќи по   патот  на вистината -  порача   -   Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и побара државата и црквата да бидат вечни. 

На овој чин на осветување  присуствуваа и   членовите на САС на МПЦ-ОА, освен Владиката  Петар.  Во саботата  навечер на вечерната богослужба  на која чино началствуваше владиката Тимотеј,  кој започна да ја гради додека  беше администратор на  Повардарска Епархија изрази голема благодарност  до тогашниот градоначалник Аце Коцески, кој обезбедил простор  и маркичка каде таа ќе се гради.  

Црквата  Св. Кирил и Методиј се градеше 11 години, започна на 1-ви јуни 2006-тата. Дело е на архитектот Тодор Паскали.  Се наоѓа во центарот на градот, во Младинскиот парк. Храмот на лик е на црквата „Св. Богородица“ во село Калишта -струшко има 500 метри квадратни површина. Изградена е  во византиски стил, еднобродна со кршен камен. 

Црквата ја живописа тајфата на Св. Апостол Лука, која исцрта околу 1,6 илјада м2. Иконостасот кој е со димензии 10х4,5 м е дело на Љубомир Бисин. Камбанаријата  има 13 ѕвона од кои пет големи и осум мали излиени во ливницата „Грасмаер“ во Виена, Австрија. Ѕвонењето  е електронски. Ѕвоната можат да ја свират Македонската и химната на Велес.

Кочо Анѓушев, кој не беше присутен а ордените ги  прими неговиот брат,  доби орден од САС на МПЦ-ОА  Св. Климент прв ред, Општина Велес орден на  САС Свети Климент втор ред. Од Повардарска  Епархија на МПЦ-ОА    Орден за црковни заслуги  на Повардарска епархија добија поранешните градоначалници Аце Коцевски и Горан Петров, актуелниот Славчо Чадиев, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, владиката Тимотеј, Мите Јованоски –сопственик  на Макоил, тајфата Св. Апостол Лука  која ја нацрта црква.  

Кога се  живописува една  црква се земаат во  предвид  каноните на  МПЦ, стилот кој се негува со векови и с преод градбата се прави композицијата. Цртавме 6 години, нацртавме 1,6 илјади м2 простор. Тафјата бореше најчесто петмина, јас  Марија Сотировска, Борче  Богоевски,       Гоце Јанкуловски, Дарко Петрушев со повеќе помошници рече  Ангел Миов. Тие за прв пат на еден храм во Македонија го  н нацртаа Страшниот суд,  Користени се современи материјали  адаптирани од црквата приспособени на црквата.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »