речник контакт

Осветени темелитe на црквата Св. Илија во Челошово

Црквата ќе се простира на стотина метри квадратни и ќе служи за потребите на населбата која брои 250 жители, но и околните Дурутовец и Трпезица

Петар Печков

Денес беа осветени темелите на новиот храм, Св. Илија кој започна да се гради во приградската населба Чолошево.  Тој ќе се простира на стотина метри квадратни и ќе служи за потребите на населбата која брои 250 жители, но и околните Дурутовец и Трпезица. Истиот ќе се гради со средства од жителите на населбата.

Кој не градел, не знае како е. Но Господ ќе помогне од сите страни, преку пријатели, роднини, со работна рака кој како може. Ова е заеднички дом на сите Вас и за арно и за лошо. Затоа треба д се зближите и да го направите да биде Ваша гордост.  Македонскиот народ  и нација опстојува преку овие духовни блага, тоа се црквите и манастирите  а со кои денес се гордееме – рече Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »