Петар Печков
Објавено: четврток, 02 мај 2013
Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија ги нарече обични шпекулации информациите дека црквата Св. Кирил и Методиј ќе се отвори при крајот на месецов, за големиот црковен празник на се словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Тој овој чин го остави за отворено, наесен кога ќе се завршат сите активности поврзани со фреско живописувањето. Тој и пред неколку месеци за Божик најави дека црквата ќе се освети кога ќе биде целосна готова, но наспроти ова народот зборува дека тоа ќе се случи набрзо.
Се додека мајсторите не завршат со цртањето ан фреските и иконите во внатрешноста на црквата таа нема д се отвори. Не можам да дозвола внатре да има скелиња на кој тие ќе работат а истовремено да влегува народ и верници во неа. Кога ќе се заврши се, таа ќе биде отворена. Дали и кога ќе се случи осветувањето, некаде до крајот на годината зависи од мајсторите – рече владиката Агатангел.
Храмот почна да се гради на први јуни 2006-та. Црквата ќе служи само за венчавки и крштевки. Владиката посочи дека црквата во кругот на Болницата Св. Кузман и Дамјан е готова со градежни работи но ќе треба д се бара мајстор за изработка на иконостасот, фреските и иконите. Црквите во Бистрица и Челошово се во градежна фаза и останувало летово да бидат покриени.
Tweet |