речник контакт

Осетно е зголемен бројот на интервенции на Итната помош од Велес лани и во амбуланта и на терен

Во 2022 единствено е намален бројот на повредени при интервенции во сообраќајни несреќи

Петар Печков

Осетно е зголемен бројот на интервенции на екипите на Итната помош од Велес, во 2022 година споредено со 2021.  Во 2021 година имале  26.029 прегледи, лани биле  28.865. Или по 79 на ден или по 3,3 интервенции на час. Ова се кумулативни бројки за лекарските интервенции и во амбуланта и на терен.

„Зголемениот oбем на работа во амбуланта се должи на неработењето на матичините доктори преку викенд, ноќна смена. На терен имаме исто така зголемен број интервенции оти голем број села немаат доктори. Имаме голема територија, пациентите бараат здравствена  заштита и ни се обраќаат нас и ние сме единствено место каде може да се обратат“ - кажа д-р Милка Панова, од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес. .

Податоците покажуваат пораст и на прегледите во амбуланта и на терен.   Во 2022 година имало  17.137 интервенции во  амбуланта , од нив   10.447  биле дневна смена и  6690  во ноќна.  За потсетување дека бројките од година во година растат.   Во  2021-та имале 14.513 прегледи во амбуланта, од нив 8.597 биле во текот на денот и 5.916 во текот на ноќта. Во 2020-та вработените во службата за  Итна помош Велес,   имале вкупно 13 574 прегледи во амбуланта или лани имале за 939 повеќе. Во  2019-та  година забележани се рекордни  20. 999 прегледи во амбуланта.

Службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес, во 2022 година по барање на пациенти излегла на  терен   11.694 пати, од тоа во     град 10.412,  8225 денски и 2187 ноќна  смена, додека во домашна посета во   село  била 1.282 пати,  денски 1.014 и ноќе 268.  Или вкупно имал интервенции на терен денски   9.239 и во  ноќна  смена 2.455.  Теренските  бројки се однесуваат на   населените места  од поширокиот велешки регион, во кои влегуваат и соседните општини Чашка и Градско, кога екипите по потреба патуваат и до оддалечени села Ореше или Подлес.

„Има се поголем број на заболени од карцином, кои ги посетуваме во домашни услови, имаат потреба од нега. Потоа населението старее, нема кој да се грижи за нив, бараат помош од доктор. Се то од година во година е во растечки број“ - рече д-р Панова.

Во 2022 е намален бројот на повредени при интервенции во сообраќајни несреќи. Имало вкупно 101 повреден. Тука спаѓаат и сообраќајките од делницата на автопатот од Катланово до локалитетот Стоби и обратно.  Во 2021 имало 152 повредени при сообраќајки , во 2020 - 136  а во 2019 година биле  забележани  122.

Изминатата година во првиот квартал, имале 34 интервенции за позитивни ковид пациенти, а потоа поради намалениот број,  не е водена евиденција за нивно пренесување до велешка болница. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »