Петар Печков
Објавено: петок, 26 ноември 2021
И денес има повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19 в велешко. според здравствениот билтен на Министерството за здравство има 19 оздравени и 11 нови регистрирани случаи. Или активни се 349 случаи.
Денес во регистарот на умрени лица, Институтот за јавно здравје ја пријави за почината жена од последиците на ковид-19, пациентка од Горно Јаболчиште на 50 годишна возраст, која се лекувала на скопски клиники
Осетно се намали бројот на згрижени пациенти во трите ковид одделенија од велешка Болница. таму претпладнево имаше 36 пациенти, седум помалку од вчера, Од нив 31 е позитивен потврдено со ПЦР тест, еден е непотврден и четворица се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Примен е по еден пациент кој е префрлен од Интерно одделение во модуларна Болница, испишани се петмина како оздравени со по еден негативен тест. На континуирана кислородна поддршка се 13“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение згрижени се 16, во Модулaрна болница е 17 пациенти додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има тројца.
Tweet |