Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 февруари 2021
Триесет и четири пациенти се оздравени од ковид заразата во велешко а само две лица се ново заразени со корна вирусот, соопштија од Министерството за здравство. Поради ова бројката на активни случаи во велешко падна на 217 а досега заразени се 3.185.
Бројката на починати, како последица на ковид заразата во велешко е 106 лица.
Вкупно се хоспитализирани 38, од кои 29 се потврдени позитивни ,двајца сомнителни и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 12 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На Инфективно одделение 33 и на Интерно пет.
Tweet |