Петар Печков
Објавено: четврток, 07 мај 2020
Осетно се зголемува бројот на жители од општината во изолација, откако за два дена 9 лица беа заразени со квоид-19.
Во овој период има 43 нови регистрирани лица со Решенија за изолација, сите се од Велес, а со Изјава за самоизолација има пет нови лица, исто така сите се од Велес. Вкупно со Решение во изолација има 110 во Велес, а со Изјава за самоизолација има вкупно 46 во Велес- информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. За потсетување дека во понеделникот во Велес беа 75 (110 вчера) лица во изолација и 46 во самоизолација ( вчера43).
Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, дополни Додевски. .Изминатата вечер во Велес полицијата нема регистрирано граѓани кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.
Tweet |