речник контакт

Осквернавена е гробницата на 53-цата убиени велшани

Освернавен е споменикот на 53-цата убиени велешани во 1945-тата година, кој се наоѓа на гробиштата во црквата Св.Спас во Велес и е подигнат од нивните блиски во 2002-тата година. Меѓу потомците неверување и револт за овој чин, со кој не се оставаат на вечен покој ни мртвите.

Петар Печков

Освернавен е споменикот на 53-цата убиени велешани во 1945-тата година, кој се наоѓа на гробиштата во црквата Св.Спас во Велес и е подигнат од нивните блиски во 2002-тата година. Меѓу потомците неверување и револт за овој чин, со кој не се оставаат на вечен покој ни мртвите.

- Подигнавме  споменик со мирољубива порака, никогаш да не се повтори, која за жал не е разбрана од насилниците. Некој се дрзна да стори неразумен чин, што потврдува дека околу нас уште има изроди, силеџии, кои на овој болен начин сакаат да истераат некаква политичка правда од идеолошки амбиции. Ова покажува дека и по 65 години има луѓе кои живеат во тоа време – изјави Борис Поп Ѓорчев, на разрушениот гроб од 53-цата стрелани велешани, каде почива и неговиот татко. Од споменикот се останати само имињата, додека се друго е искршено. За него и неговиот брат овој чин е политички мотивиран, бидејќи се случил во период на локални избори, кога во Велес се водела тесна битка помеѓу левицата  и десницата.

- Велес е познат со поделеноста по политчката припадност. Вакви исти сквернавења се случуваа и пред две три години, тогаш настрадаа спомениците на партизанските, комунистички револуционири. Ова е дело на политички злосторници и срамно е што некој се симнал на вака ниско ниво – вели Борис Поп Ѓорчев. Тој бара локалната власт и црквата да го возобноват споменикот а од Владата конечно по осумгодишно талкање низ административните лавиринти, да го донесе Законот со кој се предвидува поништување на сите пресуди донесени од политички и идеолошки мотиви.

53-цата велешани се погребани во оваа заедничка гробица а според нивните блиски тие се убиени ноќта помеѓу 14-ти и 15-ти јануари 1945 годиниа за нивната пресуда да биде напишана на 18-ти јануари. Историчарите се убедени дека пресудата е антидатирана (изменет е датумот) иако е веќе извршена. Врховниот суд на Македонија ваквото барање за заштита на законитоста од страна на блиските на  убиените  го одбил, бидејќи немал релевантни докази дека е така. Ова е прв и единствен случај  откриен на масовна гробница во Македонија, дело на тогашната партизанска власт.
 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »