Петар Печков
Објавено: вторник, 13 февруари 2018
Претседателот на Агро синдикатот Живко Даневски (64 год) е ослбоден од вина за сторената сообраќајка, во која почина едно лице, сопатник во возилото.
Со пресуда на Основен суд Свети Николе, Даневски не е виновен за кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за што беше обвинет од страна на ОЈО Свети Николе.
Во пресудата пишува дека ,,причината за настанување на сообракјната незгода е невнимателното управување со возилото од страна на обвинетиот со брзина од 107,48 км/ч кога обвиентиот ја изгубил контролата над автомобилот и слетал надвор од коловозот,,.
Во моментот кога ја совладувал кривината со брзина од 107,48 км/ч излетал, од за судот непознати причини со дополнување - ,,како да задремал или се исклучил со вниманието над управливоста над возилото, зборување на мобилен телефон, разгледување на околината, разговор со сопатникот,палење цигара, зафатеност со радиото и др. па ја изгубил контролата над возилото,,.
Сообраќајната незгода излетувањето на автомобил марка ,,Шкода Супер Б,, се случи на 31.-ви март лани, околу 15,10 ч на магистралниот пат Велес-Штип, близу селото Лозово. Иако патот бил сув и чист, автомобилот излетал во кривина.
Според обвбинението во моментот на слетување возилото се движело со брзина од 107,48км/ч, истото се превртело неколку пати на кровот и пак застанало на тркала, од кое превртување со тешки телесни повреди на главата се здобил сопатникот Љ.М. и го загубил живототна лице место. Даневски кога го управувал возилото не поседувал алкохол во организмот било утврдено со анализа на крв и урина.
Бранителите на обвинетиот тврдат дека на местото каде се случила сообраќајната незгода не постоел сообраќаен знак за ограничување на брзината на движењето на моторните возила. Пресудата не е правосилна.
Tweet |