Петар Печков
Објавено: среда, 01 ноември 2017
Судечкиот совет од Основен суд Велес кој го работеше предметот за убиството во село Ореше, одлучи дека обвинетите не се виновни. Ѓоре Петровски како нарачетел и браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски како извршители се ослободени од обвинението дека стојат зад убиството на Лазо Милошески кое се случи на 2-ри декември 2005-тата година. Судијката Тања Милева образлагајќи ја пресудата рече дека ниту зад едно прашање поставено од Апелација, по враќањето на претходната пресуда, не е даден одговор.
Не добивме одговор дали убиството е по порачка, дали постоела омраза и нетрпеливост помеѓу обвинетиот и убиениот, нема паричен проток на пари за надомест за извршеното убиство. Затоа обвиените се ослободуваат од вина – рече Милева. Бранителите на обвинетите задоволни од пресудата.
По десетгодишна борба со судските лавиринти, Велешкиот суд по втор пат се ослободи и донесе пресуда како што е оправдана. Нема ниту еден доказ дека обвиените го сториле кривичното дело. Нема доказ дека Петровски го нарачал убиството и нема доказ дека браќата Ѓоргиевски го сториле делото – рече адвокатот Коста Нојков.
Со овој предмет настрадаа многу луѓе и на можам да не се навратам на целиот предмет ,,Ликвидација,, кој покажува дека е исконструиран исто како што е конструиран и овој ,,Ореше,,. Тажно е што првиот заштитен сведок беше злоупотребен институтот заштитен сведок и во него учествуваа највисоки функционери на правосудството и од МВР. По ваква пресуда бараме обвинителството да го испита работењето на одделението за заштитениот сведоци, како и одлуките на обвинителството од тоа време - рече адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.
За браќата Љупчо и Ордан Ѓоргиевски со оваа одлука во Македонија навистина ,,дојде живот,, и дека зад обвинението стои тогашниот врв на МВР, поточно ВМРО-то. Претходно за девет години имаше четири пресуди по овој предмет, една ослободителна и три осудителни. За синот на убиениот, отштетниот Ацо Милошевски судењето не е завршено.
Не сум задоволен од пресудата. Има ЦД со докази. Има убиен човек, мора да има и виновник. Не е се завршено – рече Милошевски.
Лазо Милошевски (71 год) беше застрелан на 2-ри декември 2005-тата година, додека тој во неговата куќа подготвувал вечера. Од соседниот двор од триесетина метри растојание околу 20,40 часот биле истрелани два куршуми од кои едниот завршил во Милошевски и бил фатален за него. Тој е пронајден мртов од соселаните следното утро. Според обвинението убиството било извршено заради одмазда по нарачка на Ѓоре Петровски кој од 1997-ма живееше на Флорида во САД. Тој за 20 илјади долари побарал од браќата Георгиевски да го убијат Милошевски, бидејќи во 1995-та Петровски бил застрелан во глава, но преживеал а тој сметал дека на него на железничката станица Орешка чука пукал Милошевски. Осудените браќа Георгиевски и убиениот Милошевски биле во роднинска врска.
Tweet |