Петар Печков
Објавено: сабота, 18 јули 2015
На реката Бабуна, близу Велес се одржа осмата групна крштевка, организран од Повардрскта Епархија на МПЦ-ОА. На овој христијански чин на примање на верата, присуствуваа 28 лица на различна возраст. Повеќето беа од Велес, додека 10-тина беа од Скопје. Најмладиот кој беше крштеван е едно и полгодишниот Лука Јованов од Велес, а највозрасниот 65-годишниот Бобан Вујичиќ од Скопје, кој се кршевање заедно со својот син и ќерка.
Се решив овде во Велес, на Бабуна да се крстам, оти убава е природата, чинот е величествен. Често со другар ми одам на Бабуна во Богомила. За овој чин дознав преку мајка ми и се одлучив да дојдам. Не сум бил крстен од различни причини, но никогаш не е доцна - рече триесетидвегодишниот Жарко Вујаќич од Скопје. Тој беше еден од групата скопјани кои дојдоа во Велес, откако групната крштевка на Матка престана да постои пред некоја година, па скопјани се решија да допатуваат на Бабуна.
На ваков чин се одлучив бидејќи сум православен и дека ми е должност. Им го препорачувам на сите верници кои не го сториле досега. Чувството е неописливо и прекрасно. Моите од разни фамилијарни и иделошки причини не ме крстиле. Сега дојдоа други времиња и се одлучив за оваа групна крштевка - рече скопјанецот Мирослав Марковиќ кој дознал за настанот преку информација од интернет.
Меѓу 18-те ново крстени велешани имаше и неколкумина деца од 2 до 5 годишна возраст, кои сето ова го проследија со интерес а крштевањето во водите на Бабуна со плачка. Повозрасните трпеливо чекаа свештениците на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА да го извршат светиот чин.
Чувството е прекрасно, неописиво. Впрочем студирајќи ги сите религии, христијанството ми е најприфатливо, во чиј дух сум воспитана и подигната. Без разлика што досега не сум пристапила во оваа вера, одлучив да бидам дел од неа. Моите родители беа со полиберални сфаќања и мене и на брат ми одлучија кога ќе бидеме полнолетни, сами да пристапиме, затоа сега се крштевам. Мојот избор го направив - рече Елена Чичевска.
Оваа година по осми пат се изведе групната кршевка. Неа ја водеа свешениците Ристе Јанушев, Борис Симоновски и Бобан Ѓорѓиевски.
Со намалувањето на бројот на велешани кои се крштеваат на оваа групна крштевка, очигледно се намалува бројот на некрстените во градот. Светата тајна крштевањето е влез во верата. Со крштевањето се станува член на православната црква и сите тајни се достапни - рече протојереј Ристе Јанушев
Истовремено во Повардарската Епархија се изведе уште едно групно кршевање и тоа на Полошкиот манастир на Тиквешко езеро, каде присуствуваа верници од Кавадраци, Неготино и Тиквешијата.
Tweet |