Петар Печков
Објавено: петок, 21 август 2026
Во Велес се одржува 8-та стрип колонија која годинава е единствена бидејќи учеснички се само девојки. Ги има 14, освен од Македонија, има гости од Бугарија две, од Романија три и по една од Србија и Хрватска, метор е Владимир Весовиќ од Србија. Тие работат четири дена, до недела. Творат во куќата на Касапови.
„Имаше голем интерес за нашата стрип колонија, бидејќи е една од малкуте во регионот. Системот беше кој прв се пријави тој ќе учествува. Затоа моравме да одбиеме неколку познати имиња од Србија, Хрватска кој аплицираа за учество, но листата беше затворена. Учесничките работат една насловна страница и краток стрип две до три страници. Како и годините претходно работат на слободна тема, тогаш се најкреативни авторите, кога нема наметната“- кажа Ване Трајков претседател на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, организатор на стрип колонијата.
Создадените дела ќе бидат изложени на наредниот стрип салон во Велес, догодина и дел од нив, најуспешните, ќе бидат отпечатени во списанието „Стрип креатор“ , исто така следната година.
„Стрипот беше многу популарен, излегуваше во весници, списанија, специјални изданија. Беше комерцијално значаен продукт, уметност. Децата се поистоветуваа со стрип јунаците, тие беа познати, актуелни. Со дигитализијата, со електронските медиуми интересот за него спласна. И денес има ентузијасти, стрип вљубеници, стрип цртачи. За жал го нема многу во печатена форма, нема весници. Но нема да исчезне стрипот, се додека има вакви вљубеници, како гостите на колонијата, млади девојки, тој ќе опстојува“ – вели Трајков.
За одржување на стрип колонијата финансиска поддршка има обезбедено од Општина Велес и Минситерството за култура.
| Tweet |




