Петар Печков
Објавено: недела, 10 март 2024
Велешката полиција откри група велешани, кај кои била пронајдена дрога и некои од нив ја продавале на други лица. Детали за акцијата од соопштението на СВР Велес.
“На 8 март полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР -Велес ги лишиле од слобода К.Ѓ.(22 год), Л.Б.(19 год), В.М.(31 год), Љ.В.(37 год), М.Ѓ.(29 год), И.В.(32 год) и Љ.О.(25 год) сите од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и таблета, а И.В. и Љ.О. биле затекнати како продаваат дрога на лица од Велес’ - информираше Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
За настанот бил известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветен поднесок.
Tweet |