Петар Печков
Објавено: вторник, 25 октомври 2022
Денес Основен суд Велес,го одбележа Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври, со организирање на отворен ден за граѓаните. По две години пауза се отворија вратите на оваа институција. Се организираше и симулирано судење.
„Секоја година, со исклучок во време на ковид пандемијата, организираме отворен ден за сите заинтересирани граѓани. Доаѓаат и ученици од средните училишта, на кои им се презентира начинот на работење. Од влезот на актите, преку архива , писарница, како се формираат предметите, како доаѓаат до судиите. Завршуваме со симулација на судење“ - кажа судијата м-р Габриела Гајдова заменик претседател на судот и претседател на Кривичниот оддел.
На учениците од економско училиште „Јовче Тесличков“ им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична постапка. Тие беа дел од симулираното судење, во улога на судија, судии -поротници, обвинител, оштетен, обвинет и бранител на обвинетиот за кривичното дело „убиство“.
„Денешниот ден се поклопува со патрониот празник на Економското училиште. Учениците учествуваа во симулирано судење за убиство. За ученицие беше предизвик за кратко време да го подготват судењето и мислам дека успешно ја завршија обврската“ кажа професорка по право Милка Петровски.
Tweet |