речник контакт

Основен суд Велес објави оглас за избор на 50 поротници

Кандидатите треба да имаат завршено најмалку средно образование и да не се постари од 60 години

Петар Печков

Основен суд  Велес објави оглас за   избор на 50 судии-поротници.  Конкурсот трае до 31 јули.
 Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
 
   1.  да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
   2.  да има завршено најмалку средно образование
   3.  активно да го владее македонскиот јазик
   4.  да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
   5.  да не е постар од 60 години.
 
Судијата-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
 
Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и следните  документи:
   -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),
   -Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),
   -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »