речник контакт

Основен суд Велес –ефикасен и ажурен суд во 2016 година

Ова е оценка на Судскиот совет на Македонија - Основен суд Велес во 2016 година успеал да го совлада приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети

Петар Печков

Според Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2016 година усвоен и објавен на ден 03.07.2017 година, Основен суд Велес во 2016 година успеал да го совлада приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети.

Судот 2016 година ја започнал со вкупно 2.493 нерешени предмети од претходната година, во текот на годината се примени 15.483 предмети, така што вкупно во работа имало 17.970 предмети. Од нив решени се 15.721 предмети, а на крајот на 2016 година нерешени останале вкупно 2.249 предмети. 


Велешкиот суд успеал да реши повеќе предмети отколку што стигнале кај него, иако два  месеци администарцијата штрајкуваше од 15 април до 15 јуни.

Од страна на Судскиот совет на Република Македонија, Основен суд Велес за 2016 година е оценет како ефикасен и ажурен суд.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »