Петар Печков
Објавено: среда, 07 септември 2016
Основен суд Велес објави оглас за избор на 50 судии- поротници. Кандидатот за судија -поротник потребно е да ги исполнува условите предвидени во Законот за судовите и тоа: да е полнолетен државјанин на Република Македонија, да има завршено најмалку високо образование, активно да го владее македонскиот јазик, да ужива углед за вршење на функцијата судија –поротник, да не е постар од 64 години и да поседува интегритет и социјални способности за вршење на функцијата судија- поротник.
За судење на малолетници се избира кандидат од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на младите. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трети степен или е негов брачен другар.
Пријавите се поднесуваат до 15-ти септември. Кандидатите за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат условите ќе бидат упатени на полагање психолошки тест и тест за интегритет кои ќе ги спроведе Судскиот совет на Република Македонија. Трошоците за полагање се на товар на кандидатот.
Tweet |