Петар Печков
Објавено: среда, 16 ноември 2022
Основно училиште „Лирија“ од Бузалково доби парно греење. Денес беше официјално пуштен во употреба, новиот систем за парно греење.
„Оваа инвестиција е од исклучително значење за децата и наставниците бидејќи значително ќе ја олесни грејната сезона, која досега се одвивала на ќумбиња на дрва“ - соопштија од локалната власт.
Во ова училиште настава посетуваат околу 450 ученика од прво до деветто одделени.
Tweet |