речник контакт

Основците од Блаже Конески државни прваци во училишна одбојка

Тие победија на спортската Олимпијада на училиштен спорт

Петар Печков

Машката екипа на ОУ Блаже Конески е најдобра во Македонија меѓу врсниците. Тие  се победници на училишната Олимпијада  за одбојка машки која се одржа минатиот викенд во Скопје, во општина Аеродром.  Откако успешно ги минаа општинските натпревари, па квалификациите во Повардареито, победија и во источен регион се пласира на завршницата во Скопје.

Таму беа шесте екипи меѓу нив и ОУ Блаже Конески.  Во групната фаза победија со 2:1 против  ОУ Коста Рацин од село Подареш Радовиш, и со 2:0 ОУ Св.  Климент Охридски од Битола. Во полуфиналето беа подобри од екипата имењак ОУ Блаже Конески од Скопје со 2:0. Во неделното финале повторно средба со ОУ Кочо Рацин од Подареш и повторно победа, овој пат уверлива со 2:0. Со ова тие го совија првото место, пехарот и златните медалји.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »