Петар Печков
Објавено: вторник, 16 октомври 2018
,,Оставете ги своите автомобили и моторцикли и придружете ни се“ .Со оваа порака вчера основците од ООУ,,Блаже Конески го обележаа- 15 Октомври –Светски ден на пешачењето.
И годинава беше денот масовно обелеажан од страна на сите ученици од прво до петто одделение. Околу 500 ученици се упатија од училиштето преку Младински и Градски парк ,се до Градскиот стадион, каде одеа неколку круга во знак на обележување на овој ден . Учениците со својата активност покажаа дека од мали нозе се грижат за своето здравје и порачаа:Пешачете често за да бидете подолго млади,здрави и среќни!!- кажаа од училиштето.
Оваа активност е во рамките на програмата инитеграција на екологијата преку едукација во македонскиот образовен систем.
Tweet |