речник контакт

Островот Рос, напуштен ама интересен, дел од историјата

На едно место , во Индијскиот океан, остатоци на Британската моќ, Индиската држава, Јапонската окупација

Петар Печков

Рос Остров е еден од Андамани и Никобари  островите, на околу 2 км источно од Порт Блер, во Индијскито океан. Тоа било административно седиште за островите, пред земјотресот  кој  ги   потресе во 1941 година, . Островот денес е напуштен но на него  може да се види моќта на некогашната Британска империја а подоцна Индијската  држава.  

Можат да се видат остатоци од богато минато во урнатините на црквата, базен и резиденцијата на шефот на комесарот,огромни градини. Исто така постојат и гробишта и мал музеј раководен од страна на индиската морнарица. Музејот има  збирка на стари записи.

 

Рос островот може да се посети по кратко возење со брод .  Контролиран е  од страна на индиската морнарица, која бара од секој посетител да се регистрира за да влезат.Малиот остров, со богатство на урнатини, стана жешко туристи место со многу посетители. На островот се наоѓаат  урнатините на државните институции кои таму работеле,  куќата на шефот, Домот на Владата, црквата, болница, пекарница, прес, базен и касарна.

Сите се во руинирана состојба, потсетуваат на стариот британски режим.Тука доаѓале  на отслужување казна затвореници од Британија. Овој остров остана под британската окупација до 1942. Од 1942 до 1945 година островот беше под окупација на Јапонија.  Сојузниците го  заземаа островот во 1945 година  а подоцна заминаа. Островот останал ненаселен  и пуст што резултирало со денешната состојба, но и натаму е атрактивен за  туристите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »