Петар Печков
Објавено: петок, 20 јануари 2017
Директорот и Комуналното претпријатие од Чашка, осудени оти на жителите на Богомила им испорачале загадена вода за пиење.
Ѓоре Здравковски ( 44 год) од Чашка и ЈПКД Тополка од Чашка беа прогласени за виновни во Основен суд Велес, неправосилно осудени за кривичното дело ,,загрозување на животната средина и природа,,. Здравковски доби алтернативна казна затвор од три месеци, ако во следните година дена сотри ново кривично дело, додека ЈКПД Тополка е Чашка е парично казнета со 100 илјади денари.
Според обвинението во периодот од 4-ти март 2013-та до 10 мај 2016-та во повеќе наврати, 32 пати на жителите на село Богомила им испорачале неквалитетна и небезбедна вода за пиење, во која имало присуство на ешерихија коли, колиформни бактерии, отсуство на резидуален хлор или негово присуство над дозволениот максимум.
И директорот и претпријатието според пресудата пропуштиле преземање на мерки за спречување на загадувањето на водата за пиење, со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето и не презеле итни мерки за отстранување на загадувањето на водата и не ги известиле граѓаните во рок од 24 часа дека таа е загадена.
Обвинетите се бранеле дека причина што немало квалитетна вода е што во тие критични денови, снемувало истрија, па не можела водата за пиење која се испорачува за Богомила, не можела да се хлорира.
Tweet |