речник контакт

Осум години затвор за стрелечкиот тренер Пешиќ, за обљуба на 13 годишна ученичка

Пресудата која беше изречена во Основен суд Велес, ја слушна и обвинетиот и мајката на оштетеното девојче

Петар Печков

Кавадарчанецот Благој Пешиќ (69 год) доби осум години затвор за полов напад врз дете, кое не навршило 14 годни. Ова е пресудата, која во Основен суд Велес му ја изрече судијата Шефшет Адеми  откако Пешиќ  беше прогласен за виновен.  На изрекувањето на пресудата беше присутен обвинетиот, кој негираше дека е сторител. 

Ја прифаќам, но не се согласувам. Јас сум невин и ќе се жалам на Апелација - кажа по изрекувањето Благој Пешиќ. Пресудата и затворска казна од осум години ја слушна и мајката на оштетеното девојче, кој веднаш по изрекувањето ја напушти судницата. Пресудата не е правосилна. 

За  настанот за кој му се судеше на обвиениот Пешиќ,  МВР  информираше преку нивниот дневен билтен од 29 март 2017 година дека  во Полициска Станица  Кавадарци  пријавен е полов напад врз  тринаесетгодишна ученичка од Кавадарци од страна на нејзиниот тренерот по стрелаштво. Тој во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката, а последен пат дента околу 18 часот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »