Петар Печков
Објавено: среда, 11 март 2015
Двајца велешани добија осум години затвор за поседување на два килограми марихуана. Во Основниот суд во Велес, на по четири години затвор беа осудени Сашко Неугебауер ( 40 год) и Цокан Андонов ( 55 год) за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги.
Во домот на Неугебауер на 18 септември беа пронајдени повеќе пакувања на марихуана во тежина од 2 кг. Кај Неугебаур биле пронајдени 30 грама и ваги за мерење, додека во собата каде живеел Андонов, како потстанат, биле откриени останатите количини спакувани во кесиња.
Истата според обвинението била заедничка на двајцата обвините, кои пак тврдат дека била за сопствено користење на марихуаната во зимскиот период. До правосилноста на пресудата и двајцата остануваат во притвор.
Tweet |