речник контакт

Осум и пол години затвор за пренос на рекордни 309 кг марихуана

Гркот Евангелос Паскалидис тврди дека марихуаната му е подметната

Петар Печков

Гркот Евангелос Паскалидис  од Халкида, (37 год)  Грција доби 8  и пол години затвор затоа што беше фатен како пренесува 309,5 кг марихуана. Тој беше прогласен за виновен во Основен суд Велес за кривичното дело ,, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

Освен што доби затворска казна  на обвинетиот му  е изречена и споредна казна ,,Протерување странец од земјата,, во траење од 10 години, сметано од денот на протерувањето од територијата на Република Македонија, одземен е камионот ,,сканија,, во корист на државата, а одземена е и наркотичната дрога -марихуана во количина од 309.585 грама која ќе се уништи по правосилноста на пресудата.

До правосилноста на пресудата Паскалидис, кој е сопственик на камиони за превоз на стока,  останува во притвор. Тој пак негираше дека е виновен и дека дрогата му е подметната. 

 Стоката која беше наменета за превоз, спакувана беше доставена до магацинот. Никој не ја отпакува и како таква беше префрлена во камионот. Јас немав никаков допир со неа.  Можев со камионот да минам преку Бугарија, Романија, Унгарија, земји членки на ЕУ и на ниту една граница немаше да  ме сопрат. Јас се решив  да возам преку Македонија поради поевтината нафта, оти знаев дека не носам ништо не легално- рече во своја одбрана Евангелос.    

Неговиот бранител  адвокат  Љубомир Михајлов со конкретни имиња кој ја подметнал дрогата. 

Откако Паскалидис беше откриен со марихуаната, неговите соработници го пријавиле случајот во грчката полиција. Таа поставила клопка и по два дена откако беше откриен овој случај во друг биле откриени 450 кг марихуана. Исто така спакувани, идентично како што беше најдено кај Паскалидис. Сторителите се фатени а пред грчкото обвинителство го признале делото. Тоа се лица од фирмата Реизенборики, чија стока се превезувала - рече адвокатот Михајлов.  Ова негово тврдење беше во спротивност со информацијата која Македонската царина ја објави веднаш откако го откри големото количество на марихуана кај Паскалидис.    

Во средата на 31.01.2018 година, властите на Република Грција, по добиените сознанија од страна на Царинската служба на Република Македонија, извршија преглед во магацин за складирање на стока, лоциран во пристаништето Неа Перамос, западно од Атина, при што запленија околу половина тон наркотична дрога – марихуана сокриена во вреќи со ориз наменети за Холандија - информираа од Царината. 

Според обвинителката Славица Темелковски,  доколку обвинетиот не ја прегледал стоката која ја превезува и не го проверил  камионот, тогаш свесно се согласува со последиците кои настануваат при превозот. Пресудата не е правосилна. 

Марихуаната беше откриена  на 28 јануари годинава на граничниот премин Богородица, на влез во Македонмија.   Дрогата Паскалидис  ја пренесувал во товарно возило „Сканиа“ со грчка регистарска ознака. Во возилото, меѓу  разновидната стока (облека, рутери, профили, канти поликолор и др.) наменета за превоз од Атина, Република Грција до Вупертал, Република Германија, пренесувал и 95 вреќи ориз  од Камбоџа со крајна дестинација Керкаде, Кралство Холандија. Во 75 вреќи, покрај оризот биле најдени алуминиумски вреќи обвиткани со стреч фолија каде се наоѓала наркотичната дрога марихуана. Ако се продавала на големо цената  би чинеле 800 илјади евра. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »