Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 февруари 2022
Само осум нови случаи на позитивни со ковид-19 во велешко, измиантите 24 часа а нема ниту еден оздравен пациент. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство. Во овој период починати нема.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 64 пациенти, четворица повеќе од вчера. Hа Инфективно се згрижени 43, на Интерно шестмина и на Физикално 15. Потврдено позитивни се 44, деветмина се непотврдени и 11 се негативни но со потреба од болничка нега.
„Испишан се тројца пациенти со по еден негативен тест, примени петмина нови случаи.. На кислородна поддршка се 19 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.
Tweet |