Петар Печков
Објавено: среда, 29 декември 2021
Во изминатите 24 часа во велешко има осум ново регистрирани случаи на ковид-19 а оздравени се две лица. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство, од билтенот за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи сe искачи на 143 случаи.
Починат е еден пациент, маж од Велес, на 93 годишна возраст, кој бил на лекување во Инфективното одделение. Тој е 279-тата жртва на последиците од корана вирусот во велешко.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 23 пациенти, тројца помалку од вчера. Од нив потврдени позитивни со ПЦР тест се 10, непотврден се четворица пациенти а негативни се деветмина, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„ Изминатите 24 часа има по еден испишан и еден т ново примен пациент. На континуирана кислородна поддршка се 14 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение се згрижени 14 пациенти, а на Интерното одделение се девет пациенти.
Tweet |