Петар Печков
Објавено: вторник, 15 март 2022
Во велешко изминатите 24 часа има регистрирано осум нови случаи, откако два дена немаше ниту еден. Бројот на оздравени е 13 пациенти. Активни случаи во велешко има 70 лица. Со оваа бројка Велес е петти на листа во земја, по Скопје, Прилеп,Битола и Куманово.
Починати лица од последиците на ковид пандемијата нема. Досега се починати 314.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 13 пациенти, исто колку и вчера. Hа Инфективно се хоспитализирани шест , на Интерно седуммина . Ново примен е еден а оздравени нема.
„Потврдено позитивни се двајца, непотврдени се тројца и осуммина се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се осум пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |