речник контакт

Осум студенти -бруцоши примени на Техничко- технолошкиот факултет во Велес, во вториот уписен рок

Сите се запишани на отсекот Прехранбена технологија и биотехнологија

Петар Печков

Откако во првиот уписен рок беа примени четири студенти на Техничко- технолошкиот факултет со седиште во Велес, во вториот таму се запишаа осум бруцоши. Сите се на државната квота.

Новите осум се запишани на отсекот  Прехранбена технологија и биотехнологија. Факултетот поради слабиот интерес во првиот уписен рок, сите нови студенти кои  се запишаа на студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија во учебната 2021/2022 како редовни студенти ги ослободи од партиципацијата во првата академска година  - 200 ЕУР во денарска противвредност. 

Првите четворица бруцоши беа примени на насоката нутриционизам. Во првиот рок на оваа насока,  имаше запишано уште еден студент бруцош, во специјалната квота. 

На двете насоки  имаше по 20 слободни места. Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.  Наставата трае осум семестари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »