Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јули 2019
Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови се случил инцидент во кое е сторител осумгодишно дете, велат сведоците. Настанот се случил пред пералница за коли на ул. Оливер Китановски.
Вратата од патничкото комбе беше отворена, детето се втрча успеа некако да стартува и се упати кон Детската градинка. По десетина метри удри во електричен столб. Дојде полиција и кажаа дека детето имало осум години - вели очевидец на настанот.
Детето минало без повреди. Од полиција го потврдија инцидентот.
Законот за малолетничка правда предвидува дека ,, Спрема малолетник кој во време на извршувањето на дејствието што со закон е определено како кривично дело или прекршок, не наполнил 14 години -дете во ризик не може да се примени санкција,,.
Tweet |