речник контакт

Осуммина велешани спортисти на Медитеранските игри во Мерсин

Ќе се врати ли некој со медалја? Првите настапи се веќе во вторник а Игрите официјално започнуваат в петок

Петар Печков

Листата на велешки спортисти  кои ќе ги бранат репрезентативните бои  на Македонија, на најголемиот спортски собир летово , Медитеранските игри во Турција,  се зголеми на конечни осум. Тоа се претходно познатите во поединечна конкуренција  Ана Богдановски во пливање, Кристијан Ефремов во атлетика и Костадин Петров во велосипедизам. Во екипните спортови членови на репрезентацијата на Македонија се: Благој Гинов одбојка, Мартин Манасков и Ивица Лазаревски ракомет, Александар Штерјов и Владимир Брчков кошарка. Како тренер на велосипедистите за Мерсин ќе патува Сашко Ванчевски.

Македонија во Мерсин ќе биде застапена со 161 спортист во 19 спортови. Најбројни се екипните спортови со 5 селекции, двете ракометни и машките тимови во кошарка, одбојка и фудбал. Во поединечните спортови најголемата застапеност   има во борење, бокс и пливање. Македонските спортисти ќе се натпреваруваат и  во  атлетика, тенис,  карате, мечување, пинг понг, стреличарство, стрелаштво, џудо, велосипедизам, бадминтон, таеквондо и гимнастика.

Ова е наше прво учество на Медитерански игри на кое ќе партиципираат спортисти од 24 земји. Првиот македонски настап на Игрите ќе го имаат кошаркарите на 18 јуни против Египет, ден подоцна фудбалерите ќе играат против Либија. Медитеранските игри официјално започнуваат на 20 а ќе траат до 30 јуни

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »