речник контакт

Осуммина велешани не почитувале полициски час изминатите четири дена, во истиот период 44 лица не носеле маски

Продолжениот неработен викенд нови 30 лица во изолација

Петар Печков

СВР Велес излезе со билтенот од продолжениот неработен викенд, од четвртокот до ноќеска, за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, во велешко. 

Во овој период констатирани се осум прекршоци за непочитување на полициски час во велешко, четири случаи ноќеска, по два во петокот и саботата.

Изминатите четири дена има 30 жители на велешко во изолација и вкупната бројка денес  изнесува 67 додека во самоизолација вкупната бројка е 63 лица.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки - информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Истите четири дена од четвртокот до вчера, во велешко констатирани се 44 прекршоци за не носење заштитна маска, најмногу вчера недела 17, по 10 во четвртокот и саботата и во петокот 7. Против овие лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави за глоба во висина од 20 евра.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »