речник контакт

Осумнаесет нови случаи со ковид-19 во велешко, 14 оздравени

Активни се 261 случај а во Болница се згрижени 29 пациенти

Петар Печков

Билтенот на Министерството за здравство за денес, вторник  е дека во велешко има 18 нови случи на лица позитивни на ковид-19 и 14 оздравени Со тоа активни се 261  случаи  а досега се заразени 3.477  лица.  Од  последиците на корона вирусот, досега починале 111  лица од велешко.

Од велешка Болница информираа дека кај нив се згрижени 29 пациенти,  од нив 24 се на Инфективно одделение и петмина на Интерно. Од  лежечките пациенти  24 се потврдено позитивни, двајца се  сомнителни и тројца пациенти се со негативен тест но   задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се осум  пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »