Петар Печков
Објавено: петок, 17 март 2023
Велешанецот Ангелче Николов (27 год) доби затворска казна во висна од 18 години за две кривични дела, „Тешки дела против безбедноста на луѓето“и за кривично дело – „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. За првото дело доби 17 години и шест месеци а за второто една година или во една единствена 18 години. Тој двете дела ги сторил со умисла. Пресудата е изречена по признание на вина.
„Обвинетиот по сторувањето на делото безобѕирно го напуштил местото на настанот, и не се обидел да ги поправи штетните последици предизвикани од негови дејствија. Се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случил со оштетените. и што се предал по толку време судот на го цени како олеснителна околност. Претходно да пати е осудувам за сообраќаен прекршок при што му се изрекувани забрани за управување на возило., што укажува дека се работи за лице со ниско ниво ан сообраќајна култура, не почитува сообраќајни пропусти и изречените казни не влијаеле на него. Изреченото признание судот го зема како придонес за побрзо завршување на постапката. Судот ен се стекна со впечаток дека кај обвинетиот има искрено каење и жалење за стореното. Олеснителни околности се дека не е кривично осудуван и дека е безимотен“ - кажа во образложението судијката Габриела Гајдова, претседател на петчлениот кривичен судски совет.
Обвинителството и адвокатот на обвинетиот не дадоа изјави по изрекувањето на пресудата, која не е правосилна. Николов доби и забрана за управување на возило во висна од пет години, казна која ќе се реализира по одлежувањето на затворската казна. Мерката притвор му е продолжена до правосилноста на пресудата.Пред две години братот на обвиентиот загинал во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес- Штип.
Вештачењата на ОЈО Велес покажале дека возачот критичната вечер на 17 декември лани. во моментот кога се случила несреќата во 22,15 ч. возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа сообраќаја се случила на обележан пешачки премин а потоа побегнал во населба Превалец, каде се криел 36 часа, по што сам се предал на полицијата.Во моментите кога го возел автомобилот „мерцедес“ тој имал забрана за управување на возило.
При сообраќајката, која се случи на ул. Борис Трајковски, во близина на ОУ Васил Главинов, Николов со автомоби смртно ја повреди 11 годишната Магдалена Иванова а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Максималната казна која обвинетиот можеше да ја добие е 20 години затвор.
Tweet |