Петар Печков
Објавено: недела, 05 февруари 2017
Саботата наутро 18 годишник удрил со автомобил во кружен тек при што со тешки повреди се здобил сопатникот. Незгодата се случила во дворот од Железничката станица во Велес, а поради тежината на повредите едно момче е пренесено во Ургентен во Скопје. Оштетувањето на ѕидот зборува дека возилото марка ,,фолксваген пасат,, возело со голема брзина, но полицијата засега нема детали зошто дошло до несреќата.
Кога стигнав на железничка, од возилото го вадеа едното момче. Многу викаше, урлаше од болки, докторите го земаа и однесоа во Болница. Колата беше многу оштетена од ударот во ѕидот – вели патник кој утрото со воз патувал за Скопје.
Интервенирала екипа на Итната помош, која дала неопходна лекарска помош и двете повредени момчиња ги пренела во велешката Болница.
Од таму изјавија дека еден пациент Б.Д ( 18 год ) од Велес со полесни повреди на главата е задржан кај нив на хируршко одделение, додека друг И.А. поради тешки повреди и скршеници е префрлен на трауматологија во Скопје. Од МВР ја потврдија сообраќајката.
Во 04,35 часот во Велес на ул.„Алексо Демниевски“ пред железничката станица се случила сообраќајна незгода во која Б.Д. (18) од Велес, управувајќи автомобил „Фолксваген Пасат“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски sид од кружен тек. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.А. (21) од Велес – изјавија до МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес, а истрагата а ќе треба да открие по што ќе се знаат причините зошто дошло до сообраќајката.
Tweet |